МОН бара мислење од наставниците, родителите и учениците дали да се укине пролетниот распуст

од Nikola Popovski
30 прегледи

Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.

-Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење, стои во соопштението на МОН.

Информираат дека со организација на пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година.

-Доколку пак се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година, појаснуваат од МОН.

Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците за првпат беа на пролетен распуст. Учебната година заврши на 17 јуни, а летниот одмор почна на 18 јуни и завршува на 31 август.

Слични содржини