МОН и општина Аеродром со осуда за случајот во „Ѓорѓија Пулевски“

од Vlatko K
142 прегледи

Министерството за образование и наука и општина Аеродром попладнево преку соопштенија го осудија случајот со фрлањето на ученичка од прозорец од страна на нејзините соученици во основното училиште Ѓорѓија Пулевски“.

Во соопштенијата испратени од двете институции се наведува дека осудуваат секаков вид на насилство меѓу учениците и оти работат на целосно расчистување на случајот.

Од Министерството за образование и наука информираа дека Државниот просветен инспекторат веднаш по добивањето на информациите почнал инспекциски надзор за да се утврди фактичката состојба и да се лоцира одговорноста.

– По целосно завршување на постапката, од страна на инспекторите ќе биде подготвен извештај, врз основа на кој ќе се донесат и одлуки за следните чекори и понатамошни постапки, се наведува во соопштението од МОН.

Од општината истакнуваат дека се во постојана комуникација со претпоставените од училиштето и со надлежните институции со цел целосно да се расчисти случајот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека кај нив денеска е пријавено оти во петокот за време на малиот одмор четворица малолетници го фатиле за нозе и раце девојчето и го фрлиле од прозорецот во училницата на приземје. Девојчето се здобило со телесни повреди.

 

Слични содржини