МОН: Изработени новите наставни програми за седмо одделение, навремено ќе започне постапката за учебници што ќе се користат од следниот септември

од Nikola Popovski
160 прегледи

Новите наставни програми за седмо одделение, чија примена согласно планот за реформирање на основното образование ќе започне од учебната 2024-2025 година, се веќе изработени. Бирото за развој на образованието како институција под чија надлежност е овој процес, навремено постапи и го испочитува рокот за исполнување на обврската кој го договорија МОН и БРО.

Ова подразбира и навремено започнување на постапката за изработка на нови учебници. Наставните програми се доставени до Министерството за образование и наука,  така што наскоро Педагошката служба ќе објави повици за автори и за избор на рецензенти. Се очекува процесот на избор на учебници за седмо одделение, графичко уредување и испорака, целосно да заврши пред следниот септември и учениците на првиот училишен ден, пред себе да ги имаат сите учебници.

Изработката на учебници е комплексен процес чие времетраење зависи од низа фактори, меѓу кои, на одреден дел, институциите немаат влијание. Сепак, со навременото доставување на наставните програми и отпочнувањето на постапката на одобрување учебници, се намалува веројатноста за доцнење на процесот, односно се обезбедува континуитет на планираните промени.

МОН изразува благодарност до новиот директор на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи кој го интензивираше процесот на изработка на наставните програми, како и низа други процеси, меѓу кои и набавката на педагошка документација и свидетелствата, кои во минатото, често се случуваше да доцнат.

Слични содржини