МОН објави Конкурс за упис во средни училишта во учебната 2021-2022 година

од Берта Китинска
613 прегледи

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2021-2022 година.

-Уписната политика за прв пат е креирана преку интензивна соработка помеѓу МОН, локалните самоуправи и бизнис заедницата во земјава, со што заедно се увиде потребата за отворање на нови образовни профили и паралелки во училиштата, а имплементацијата ќе биде поддржана со значително поголем износ на буџетски средства споредбено со изминатите години.

Согласно Конкурсот, во 109 средни училишта има вкупно 30.053 слободни ученички места во 913 паралелки, од кои 19.602 во стручно образование во 604 паралелки, 9.261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко – информатичка гимназија.

Со новиот конкурс оваа година отворени се 97 дуални паралелки со зголемен обем на практична обука за 2.001 ученик. Од нив, 11  паралелки се од веќе постоечки програми, додека дури 86 паралелки се резултат на нови соработки помеѓу училишта и компании кои изразија подготвеност да примаат ученици на практична обука директно на работно место., велат од МОН.

Конкурсот за упис во средните училишта е достапен на следниот линк: Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија

-Министерството за образование и наука апелира до деветтоодделенците, изборот на образование да го направат по сопствено убедување, согласно личните афинитети, предиспозиции и интерес кон одредена област, но, секогаш предвид да ја имаат и информацијата за тоа колку одреден тип на образование нуди можности за вработување и безбедна и перспективна иднина, соопштија од министерството.

Слични содржини