МОН: Подготовка за новите наставни материјали за четвртоодделенците, објавен повикот за автори

од Nikola Popovski
142 прегледи

Министерството за образование и наука објави повик за искусни практичари за изработка на нови материјали за учење и прирачници за реализирање на наставата во четврто одделение.

Материјалите за учење се однесуваат на предметите Македонски јазик, Албански јазик, Турски јазик, Српски јазик, Босански јазик, Математика, Природни науки и Историја и општество, додека прирачниците се наменети за изведување на наставата по Музичко образование, Ликовно образование, Физичко и здравствено образование и Техничко образование.

МОН соопшти дека материјалите треба да ја промовираат еднаквоста и почитувањето на различностите, инклузивноста, да ја поддржуваат мултиетничката интеграција и да придонесат секој ученик да ги постигне очекуваните резултати од учењето и да ги стекне компетенциите дефинирани во новите наставни програми за четврто одделение.

„Силно веруваме дека повикот ќе го поттикне интересот за пријавување кај соодветната стручна и експертска јавност, затоа што и самата иницијатива за крупни промени во образованието која ја покрена актуелната Влада и раководствата на институциите на системот, но и отворената можност за учество на сите заинтересирани, создадоа мотивираност особено кај засегнатите ученици, наставници, стручни соработници, граѓански организации и здруженија да дадат свој придонес кон конкретизацијата и спроведувањето на планот за реформа на основното образование“, велат од МОН.

Минатиот месец беа изработени и наставните програми за прво одделение, а воедно и објавени повиците за автори/авторски тимови за изработка на материјалите за учење и за ликовни илустратори/графички дизајнери за изработка на детски илустрации.

Слични содржини