МОН: Речиси готова е изработката на новите материјали за прво и четврто одделение

од Nikola Popovski
251 прегледи

Привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение, согласно усвоените нови наставни програми предвидени со новата Концепција за основно образование, информираат од МОН.

Ѓорги Божиков, наведуваат во соопштението, е еден од илустраторите и дизајнерите кои преку јавниот повик на Бирото за развој на образованието се одбрани да работат на илустративната содржина во новите материјали за учење за прво и четврто одделение. Божиков вели дека е предизвик да се работи на учебници за деца и оти прв пат е ангажиран во својата земја. Досега, укажува МОН, неговите ангажмани претежно биле за изработка на илустрации во едукативни материјали надвор од државата.

-Во текот на летниот период ќе бидат претставени на јавноста и проследени до наставниците со цел навремено запознавање и подготовка за настава во новата учебна година, додаваат од МОН.

Слични содржини