50
Министерството за образование и наука информира дека семејствата на повредените во трагичната несреќа во Кочани, кои во моментов се наоѓаат во Скопје, ќе можат бесплатно да ги користат услугите за сместување и исхрана во студентските и ученичките домови.
На располагање се ставени:
- Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Карпош
- Студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“ во Гази Баба
- Ученичкиот дом во рамки на Државното училиште за рехабилитација „Партенија Зографски“ во Гази Баба
- Студентскиот дом „Пелагонија“ во Кисела Вода
- Ученичкиот дом во рамки на Државното училиште за рехабилитација „Димитар Влахов“ во Кисела Вода
Од Министерството истакнуваат дека ова е време кога сите треба да се здружат и да покажат хуманост.
„Во овие моменти на заедничка жалост, да бидеме заедно и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Длабоко сочувство до семејствата на починатите – Бог да им даде сила да ги издржат овие тешки моменти. На повредените им посакуваме брзо закрепнување и ќе продолжиме да пружаме поддршка каде што е потребно“, порачуваат од Министерството.