МОН: За учениците од прво до трето одделение и натаму ќе се обезбедуваат печатени учебници

од Nikola Popovski
285 прегледи

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ  продолжува со изнесување на невистини поврзани со промените во образовниот систем кои многу одамна, како што посочуваат од министерството вклучително и во времето кога оваа политичка партија раководеше со институциите на системот требаше да се случат“, велат од Министерството за образование и наука, како реакција на денешната прес-конференција на најголемата опозициска партија.

Од МОН наведуваат за учениците од прво до трето одделение и натаму ќе се обезбедуваат печатени учебници, бидејќи тоа е период во кој треба да се развие однос кон на детето кон книгата.

„Додека за учениците од четврто и погорните одделенија прва опција ќе бидат дигиталните учебници, имајќи предвид дека кај нив веќе се развиени вештините за примена на ИТ технологија и електронски алатки“, напоменуваат од МОН.

Од ресорното министерство нагласуваат дека  доколку по нивна волја, учениците се изјаснат дека сакаат наставата да ја следат од печатен учебник, тоа ќе биде овозможено од училиштето. Доколку пак, сакаат но немаат можност за користење на дигиталните учебници, училиштата ќе бидат должни да им дадат на времено користење ИТ уред, за што веќе се прават планови и подготовки секое училиште се опреми библиотека со соодветен број на таблет компјутери.

„Министерството за образование и наука во ниту еден случај нема да дозволи било кој ученик да остане без учебник независно дали е тоа електронски или печатен. Образованието е загарантирано право на секој ученик и ние тоа го обезбедуваме и го надградуваме“, потенцираат од министерството за образование и апелираат, наместо непотребно трошење време и ресурси за одржување прес конференции и изнесување лаги и манипулации, политичките партии или да престанат да ја мешаат политиката во образованието заради остварувње на дневно политички агенди и поени, или да дадат поддршка на промените кои ќе се случат и да учествуваат во нивната имплементација и постигнување на ефектите кои ќе значат фаќање чекор со современиот образовен свет.

 

Слични содржини