297
Монако го финализира трансферот на 18-годишниот талентиран српски дефанзивец Страхиња Павловиќ од Партизан (Белград), објави клубот.
Српскиот младински репрезентативец нема веднаш да се приклучи на тимот од Кнежеството, туку ќе ја заврши сезоната на изнајмување во Партизан.
За трансферот, Монако ќе плати 10 милиони евра, со дополнителни два милиони бонуси.