Мончи за Салах: Го продадовме затоа што ножот ни беше потпрен на грло

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Раководството на Рома го продала Мохамед Салах на Ливерпул едвај за 42 милиони евра, бидејќи Италијанците биле притиснати од претстојна казна за непочитување на финансискиот ферплеј. Ова беше објаснето на прес-конференција од фудбалскиот директор на Рома – Рамон Родригез-Мончи, кој е поранешен професионален голман.

„Треба да знаете две важни работи во врска со Салах. Прво, тоа се случи пред трансферот на Нејмар да предизвика вистинска револуција на пазарот. Второ, ние брзавме да го продадеме Салах пред 30-ти јуни“, рече тој.

Соочени со жестока казна од страна на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за прекршување на правилата за финансискиот ферплеј, од раководството на Рома брзаа да ги обноват загубите пред настапувањето на месец јули. Потоа дојде понудата на Ливерпул, а Салах замина за Англија за трансфер од 42 милиони евра. Потоа, Египќанецот постигна 28 гола во 30 натпревари во Премиер Лигата.

„Секој кој се разбира од овој бизнис, знае што е да имаш нож, потпрен на грлото. Ако го земеме предвид ова и другите два услови, добиениот износ за Салах е доволно голем“, додаде Мончи.

Според фудбалската опсерваторија CIES, цената на Салах во моментов изнесува 162,8 милиони евра.

„Да, тој беше многу важен фудбалер за нас и сигурно вреди повеќе по ефектот „Нејмар“, кон кој веќе можеме да ги додадеме трансферите на Мбапе, Дембеле и Кутињо. Но, важно е да ги знаете двете работи што ги објаснив пред малку. Инаку излегува дека Мончи е слеп“, додаде тој.

Слични содржини