324
Францускиот тенисер Гаел Монфис реши да паузира поради здравствени проблеми.
Тој не е во Дубаи, а нема да биде ниту во квалификациите за Дејвис купот.
Причината се благи симптоми по третата доза од вакцината.
Моментално 25-от играч во светот планира и сака да се врати на турнирите во САД.
На неодамнешниот Австралија опен стигна до четвртфиналето, каде што беше запрен од Матео Беретини.