Монголија ја регистрира руската вакцина Спутник V, без дополнителни клинички испитувања

од Nikola Popovski

Министерството за здравство на Монголија ја регистрираше руската вакцина против коронaвирус Спутник V по забрзана постапка, објави рускиот фонд за директни инвестиции.

„Рускиот фонд за директни инвестиции објавува дека монголското Министерство за здравство ја регистрирало руската вакцина Спутник V. Регистрацијата е реализирана по итно одобрување за употреба без извршување на дополнителни клинички испитувања на територијата на државата“, објави Фондот.

Како што е наведено, одобрението за вакцината е добиено со помош на локален партнер на Рускиот фонд – водечката фармацевтска компанија во Монголија „Монгол Емимпекс Концерн ДОО“.

„Партнерите во Монголија донесоа одлука за регистрација на вакцината по темелно проучување на податоците од клиничките испитувања на Спутник V. Тие покажаа висока ефикасност и безбедност на вакцината, што беше потврдено и со напис објавен во списанието „Лансет“. Руската вакцина е една од водечките вакцини во светот и бројот на земји кои ја одобруваат неговата употреба се зголемува секој ден “, рече директорот на фондот, Кирил Дмитријев.

Да потсетиме, престижното научно списание „Лансет“ соопшти дека Спутник V е безбедна и ефикасна вакцина која обезбедува целосна заштита од тешки случаи на Ковид-19. По повеќемесечно истражување на руски имунолози во кое учествувале 19.866 доброволци, третата фаза на завршиле клиничките испитувања.потврдена е ефикасноста на вакцината од 91,6 проценти.

Вакцината, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против корона во светот.

Слични содржини