Само со една објава на Инстаграм успеа да предизвика лавина коментари и реакции. Последните неколку дена целиот свет зборува дали доликува или не, ваква фотографија на личност на нејзини години.
Моника Белучи, пред некој ден го привлече целото внимание врз себе, а на изгледот можат да и позавидат и многу млади девојки.
Таа ги израдува своите следачи кога објави фотографија во одело под кое има само боди. Нејзиното деколте е заносно, исто како и целта фигура. Таа често зборуваше дека за добар изглед е доволно да јадете она што го сакате, да живеете како што сакате и да се трудите да го елиминирате стресот.
Под фотографијата има многу поделени коментари, некои го фалат нејзиниот изглед, а некои велат дека покажала премногу за нејзините години.
„Таа влезе во шестата деценија, треба да се смири. Вакви фотографии не и личат“, вели еден коментар.