296
Тренерот на Феникс Санс, Монти Вилијамс, е прогласен за тренер на годината од Националната кошаркарска асоцијација за сезоната 2021/2022, официјално објави Лигата.
50-годишниот стручњак доби 81 од можни 100 први места во истражувањето и вкупно 458 поени. Втор остана Тејлор Џенкинс од Мемфис Гризлис со 270 поени и 17 први места. Трет е Ерик Сполстра од Мајами Хит со 72 поени.
Вилијамс ја доби наградата за прв пат во кариерата. Тој ги предводеше Санс до првото место во регуларниот дел од сезоната со 64 победи и 18 порази. Ова е и клупски рекорд за Феникс за најмногу победи во една сезона.
За три сезони во Феникс, Монти Вилијамс оствари 149 победи и 78 порази. Тој претходно помина пет сезони во Њу Орлеанс, забележувајќи 173 победи и 221 пораз.