Монца на Берлускони за прв пат во историјата ќе игра во Серија „А“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
347 прегледи

Фудбалерите на Монца синоќа по продолженијата ја совладаа Пиза со 4:3 во реванш натпреварот од финалето на плејофот во Серија Б и се пласираа во Серија А.

По 90 минути беше 3:2 за Пиза.

Монца за прв пат во историјата на клубот ќе игра во Серија А.

Од 2018 година, шеф на клубот е поранешниот претседател на Милан, Силвио Берлускони, а во управниот одбор е и Адријано Галијани.

Слични содржини