Монца продолжува со селекцијата за нејзиното историско прво учество во Серија „А“.
Дебитантот во елитата се засили со голманот Алесио Крањо, кој ќе игра како позајмен од Каљари со опција за откуп под одредени услови, соопштија од клубот.
Крањо (28) има 166 натпревари во Серија „А“ и важи за еден од најдобрите голмани во Италија.
Голманот има и два натпревари за италијанската репрезентација.