Мора да бидат разрешени од должност сите ЈО и сите судии, реагира Најчевска за укинувањето на 8-годишната казна на Мијалков

од Vladimir Zorba
533 прегледи

Професорката Мирјана Најчевска ја прокоментира одлуката на Апелација да ја укине пресудата за осум години затвор против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за случајот „Трезор“ и случајот да го врати на повторно судење.

„Ма на крај и орден за заслуги во изградбата на демократијата и правната држава ќе му дадат. Во секој случај очекувам да донесат пресуда со која ќе се утврди дека немало прислушување, дека не постои „Скопје 2014“, дека полицијата била супер, а Мијалков е жртва на комунизмот“, напиша Најчевска на Фејсбук.

„Ете повторно да си кажам: мора да бидат разрешени од должност сите ЈО и сите судии, да се распише конкурс и да се вратат на работа само оние кои ќе поминат граѓанско а не партиско сито и решето. Ве уверувам, на државата ќе и биде подобро без судии отколку со вакви“, додава професорката.

Слични содржини