Професорката Мирјана Најчевска ја прокоментира одлуката на Апелација да ја укине пресудата за осум години затвор против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за случајот „Трезор“ и случајот да го врати на повторно судење.
„Ма на крај и орден за заслуги во изградбата на демократијата и правната држава ќе му дадат. Во секој случај очекувам да донесат пресуда со која ќе се утврди дека немало прислушување, дека не постои „Скопје 2014“, дека полицијата била супер, а Мијалков е жртва на комунизмот“, напиша Најчевска на Фејсбук.
„Ете повторно да си кажам: мора да бидат разрешени од должност сите ЈО и сите судии, да се распише конкурс и да се вратат на работа само оние кои ќе поминат граѓанско а не партиско сито и решето. Ве уверувам, на државата ќе и биде подобро без судии отколку со вакви“, додава професорката.