„Мора да се врши притисок врз Русија“: Зеленски телефонски разговарал со Бајден

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Олексеј Резников објавија дека оствариле серија телефонски разговори со сојузниците на Киев за ситуацијата во Русија и украинската контраофанзива, по неуспешниот обид за бунт на руската воена организација „Вагнер“.

„Светот мора да врши притисок врз Русија додека не се воспостави почитување на меѓународниот поредок“, рече Зеленски по телефонскиот разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден, пренесе „Ројтерс“.

Зеленски рече дека му се заблагодарил на Бајден за неговата голема поддршка за Украина, особено за испораката на системот „Патриот“.

Слични содржини