318
На денешната Парада на гордоста пред учесниците се обрати и претседателкта на ДОМ, Маја Морачанин кој посочи дека сите ние имаме заеднички човекови права и дека кога се разговара за ЛГБТИ заедницата зборуваме за човекови права.
„Безсмислено е во 21 век да му се оспоруваат правата за нормален достоинствен живот на некој граѓанин или граѓанка. И затоа пораката која ја испраќаме на овој Скопје Прајд е да се сопре со дискриминацијата врз лицата од ЛГБТИ, говорот на омраза и насилствата од омраза, стигматизацијата“, рече Морачанин.