Морачанин: ДОМ ќе преговара со СДСМ за коалицирање на парламентарните избори

од Radmila Tasevska
346 прегледи

Политичката партија ДОМ која е дел од владејачката коалиција  формирала тим кој по празниците ќе почне разговари за коалицирање со СДСМ на претстојните парламентарни избори, информираше вечерва претседателката на ДОМ Маја Морачанин.

Во гостување на ТВ Сител, Морачанин рече дека на Централниот одбор на ДОМ донеле одлука да влезат во преговори со СДСМ за заеднички настап на претстојните парламентарни избори. -Извршниот одбор формираше тим, очекувам по празниците да разговараме со СДСМ и ќе видиме што ќе биде исходот,  рече Морачани.

Таа посочи дека за ДОМ е прифатливо Талат Џафери да биде технички премиер во преодната влада, а Јован Митревски претседател на Собранието.

Морачанин истакнува дека не се откажале од уставните измени, од една изборна единица и од владеење на правото.

Прашана дали верува дека оваа Влада може да го спроведе тоа штом останувааат во коалицијата рече дека европските интеграции се приориет за партијата и оти е важно не само полноправното членство како крајна цел, туку самиот интеграциски процес со отворање на поглавјата како движечка сила за спроведување на реформите.

-Затоа инсистираме на што побрзо продолжување на овој интеграциски процес бидејќи закочувањето неминовно ќе води и кон кочење на реформите. Она што е многу важно е дека инсистираме да се направи ветинг. За политичарите и за судиите да се направи проверка на потекло на имот, а санкциите од САД со т.н Црна листа да станат дел од нашиот правен систем, рече Морачанин, која смета дека треба да се поддржи иницијативата за отповикување на градоначалници но и други политичари преку референдум.

Слични содржини