Морачанин: Репликата за намалувањето на ДДВ на струјата e извадена од контекст и дополнета со етикетирања

од Берта Китинска
294 прегледи

Мојата реплика за намалувањето на ДДВ  на струјата очигледно предизвикала многу интерес во медиумите, секако извадена од контекст и дополнета со етикетирања, пишува во дематот на лидерката на ДОМ, Маја Морачанин која од собранискта говорница кажа дека нејзиниот став е малку поразличен во однос на цената на струјата.

Таа наброја неколку фкати со кои појаснува дека нејзината изјава е лошо пренесена.

-1. Јас гласав ЗА Законот, што значи ЗА намалување на цената на струјата!

Меѓусебните обвинувања и фалби меѓу позицијата и опозицијата во чие време струјата била поскапа или поевтина не се од полза за граѓаните, туку само предизборна реторика.

3.Треба да вложуваме во производство на струја од обновливи извори на енергија, пред се од сонце и ветер, а не во прозводство на струја од јаглен, бидејќи употребата на  фосилни горива е главна причина за климатските промени и загадување на воздухот.

Треба да ги субвенционираме граѓаните да постават фотоволтаици на своите кровови или да се здружат во енергетски кооперативи, самите да си произведуваат  струја, БЕСПЛАТНО. Исто важи и за бизнис секторот, сметката за струја на индустриските капацитети би била многу пониска ако постават фотоволтаици на објектите.

Треба да инвестираме во енергетска ефикасност на објектите за да имаме помала потрошувачка на струја и пониски сметки за струја.

Да сумирам: одржливо и ефикасно решение е производство на струја од сонце и ветер и намалена потрошувачка на струја преку енергетска ефикасност. Така сметките за струја ќе бидат многу пониски и ќе се заштедат средства и во домашниот буџет и во буџетите на јавните и приватните претпријатија. И ќе се заштити животната средина и климата, објаснува Морачанин.

Слични содржини