Морачанин: Споменик на Ќосето сигурно не сакаме

од Берта Китинска
320 прегледи

Пратеничката и лидерка на ДОМ, Маја Морачанин вели дека споменик на Ќосето сигурно не сакаме.

-Дали навистина градоначалничката на Скопје планира да троши пари од буџетот, за организирање референдум за да ги праша граѓаните дали сакаат споменикот на Ќосето да биде вратен пред Судот.А, постојано се жали дека нема доволно пари во буџетот за да ги сервисира неопходните потреби на скопјани.Споменик на Ќосето сигурно не сакаме, пишува на фејсбук Морачанин.

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска е со план да го врати споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој пред четири години беше отстранет од пред просторот на Врховниот суд.

-Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните. Што се однесува до мене како градоначалник, многу ме интересираше, два месеци го баравме, но успеавме да го најдеме. Многу често ми беше поставувано ова прашање и во предизборната кампања, рече Арсовска во интервју за „Инфомакс“

Таа напомена дека кружеле гласини дека бил стопен споменикот.

-Граѓаните да не се грижат, пронајден е споменикот, во добра состојба, па ќе видиме ќе ги прашаме граѓаните какво е нивното мислење дали да го вратиме и каде, потенцира Арсовска.

Споменикот беше поставен пред Врховниот суд во 2014 година како донација на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин за град Скопје. Во 2018 години, Град Скопје го острани затоа што беше дивоградба. Ќосето беше сместен во магацин на Металскиот завод Тито.

Слични содржини