Морачанин: Трансродовите лица не можат да си ги остварат правата

од Nikola Popovski
294 прегледи

Немам објаснување. Немаше најава дека ќе се повлече Законот за промена на пол. Се согласувам дека од сосема други причини се повлекува, а не суштинското правно признавање на родот. Темата за правно признавање на родот на трансродовите лица долго време веќе е отворена во Собрание, вели претседателката на ДОМ, Маја Морачанин за промените во Законот за матична евиденција.

Морачанин потенцира дека трансородовите луѓе не можат да си ги остварат правата пред Управата за матични книги.

-Одговорот беше дека во тек е закон. Во неколку наврати во Собранието, интерпартиската група за ЛГБТ луѓето организираше настани. Сите пратеници беа поканети и невладиниот сектор. Дебата имаше и во ниту еден момент не слушнав дека од пратениците дека е против законот за промена на пол, вели Морачанин и додава:

-Мислам дека ќе има мнозинство. Ќе се врати законот во Собрание. Мораме да го решиме ова прашање. Нивните лични документи не одговараат со личните чувства за род. Тоа е потреба на луѓето и зборуваме за човекови права, категорична е Морачанин.

Слични содржини