Морачанин: Започна отстранувањето на линданот од Охис, побаравме финансиска поддршка од ЕУ за целосно расчистување

од Vladimir Zorba
181 прегледи

„Неодамна беше во посета на ДОМ и овде во Скопје европратеничката од холандските зелени, Тинеке Стрик и ние организавме со неа една посета во старата фабрика Охис и навистина ми е задоволство што процесот на остраснување на целиот канцероген линдан, старо индустриско загадување, од пред 6-7 децении веќе успешно почнува и во тек е отстранувањето и извозот на овој опасен материјал во Германија и Франција“ рече претседателката на ДОМ и кандидатка за пратеничката од листата на Коалицијата за европска иднина.

Таа додаде дека отстранувањето и третманот на овој опасен материјал се врши според највисоките европски стандарди и потенцираше дека процесот мора да продолжи.

„Потребни се големи финансиски средства за тоа, проценките на стручните лица се дека за големата депонија ќе бидат потребни можеби стотина милиони евра. Ја замоливме европратеничката и таа се обврза дека ќе се заложи кај Европската комисија за дополнителни средства како грант, за да може овој линдан од ова подрачје што побрзо да биде изнесен“ рече Морачанин.

Таа додаде дека тоа е вистински патриотизам и грижа за здравјето на граѓаните и за почиста и поздрава животна средина.

„Лесно е да раскажуваме празни флоскули, но она што е потребно е сите ние како политичари да одработиме навистина конкретно за нешто што значи подобар квалитет на живот за сите граѓани“.

Слични содржини