Моралес нема да биде кандидат на неговата партија за претседател

од Aleksandar Petrovski
331 прегледи

Поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес, но ниту и потпретседателот Алваро Гарсија Линера нема да бидат кандидати за нивната партија Социјалистичко движење на следните избори, изјави високиот партиски функционер Хенри Кабрера.

– Ќе учествуваме на изборите и ќе настапиме со млади кандидати, особено за претседател и потпретседател, рече Кабрера.

Тој додаде дека „повеќе нема да има рециклирање на кандидатите“.

Датумот на одржување нови избори сè уште не е утврден. Моралес и други високи функционери поднесоа оставки на 10 ноември под притисок по повеќенеделните демонстрации, а формирана е привремена влада предводена од Џанин Ањес.

Слични содржини