Моралес отпатува на лекување во Куба

од Aleksandar Petrovski
254 прегледи

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, кој е во егзил во Аргентина, денеска отпатува за Куба на медицински третман.

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез изјави дека Моралес како бегалец, ништо не го спречува да оди во Куба. Но, тој не прецизира на каков медицински третман ќе биде подложен Моралес.

Тоа не е првпат Моралес да се лекува во Куна. Тој во 2017 и 2018 година во Куба ги оперираше гласните жици.

Моралес речиси 14 години беше на власт, а во ноември минатата година поднесе оставка од претседателската функција откако армијата и полицијата му ја ускратија помошта по повеќенеделните демонстрации поради наводна изборна измама на изборите што се одржаа во октомври 2019 година. Тој прво замина во Мексико, а потоа во Аргентина, каде доби статус на бегалец.

Слични содржини