САД ќе заземат бескомпромисен став во разговорите со Кина утре на Алјаска, соопштија американските власти во пресрет на првите разговори на високо ниво по доаѓањето на власт на американскиот претседател eо Бајден.
„Со нетрпение очекуваме да им дадеме на нашите кинески колеги факти поради загриженоста што ја имаме во врска со дејствијата што тие ги преземаат“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Токио.
Блинкен и американскиот советник за национална безбедност ејк Саливан ќе се сретнат на Алјаска со високи кинески дипломати, Јанг Јиечи и Ванг Ји.
Блинкен вчера во Токио вети дека ќе се спротивстави на кинеската „принуда и агресија“, вклучително и територијалните претензии на Кина во Источното Кинеско Море и Јужното Кинеско Море, пренесува Ројтерс.