Мораме да останеме мирни и разумни, но не треба да бидеме наивни, рече Ковачевски за односите Скопје-Софија

од Nikola Popovski
127 прегледи

Јасно е дека има тензии и многу прашања кои се легитимни. Насилство од било каков тип не оправдувам и секогаш го осудувам и ќе го осудувам, исто како што ќе ја осудам и ќе се спротивставам на секоја провокација која доаѓа од внатре или од надвор, а која што ги пворедува чувствата на Македонците и буди немир меѓу нашите граѓани. За мене такви провокации не се дозволиви, рече премиерот Димитар Ковачевски за последните превирања во односите меѓу Скопје и Софија.

Тој ја поздрави брзата реакција на институциите во врска со инцидентот во Охрид и што МВР успеа веднаш да ги пронајде напаѓачите на Христијан Пендиков.

-Верувам дека брзо ќе биде расчистен случајот и ќе постапува Основното јавно обвинителство. Мораме да останеме мирни и разумни, но не треба да бидеме наивни. Ова е класична дистракција на еден перфиден начин како да се одвлече вниманието од нашата европска иднина. Сето ова што се случува затоа што има импликации затоа што не е натпревар кога играат Пелистер и Вардар или меѓусебе МЗТ и Работнички. Ова е нашата иднина за која денес зборуваме. Јас летово не преговарав во Брисел со 27 земји-членки со едно горко чувство какво што го делеа и нашите сограѓани, особено Македонците во однос на целиот јавен наратив и целата хистерија преку провокации и кога заедно со моите колеги носев одлука за европската иднина на нашата држава, за да сега стоиме тука и гледаме како безмилосно насилство влијае врз сето она што е сработено и кое што се случува. Ова практично ја киднапира нашата иднина. Нема да дозволам да се одвоиме од европскиот пат на државата, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.