„МОРАМЕ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА СЕ ОДБРАНИМЕ“: Столтенберг остро го осуди атентатот врз Фицо

од Nikola Popovski
224 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во разговор со словачкиот вицепремиер Роберт Калинак порачал дека нападот врз премиерот Роберт Фицо е напад врз демократиите и отворените општества.

Столтенберг на платформата „Х“ напишал дека во разговорот со Калинак изразил солидарност со премиерот Фицо и народот на Словачка.

– Мораме заедно да застанеме и да ги одбраниме нашите вредности, навел Столтенберг.

Словачкиот претседател Петер Пелегрини соопштил дека Фицо и понатаму е во сериозна, но стабилна состојба и дека може помалку да зборува.

– Може да зборува, но само неколку реченици и прилично е уморен со оглед на тоа дека што прима лекови, изјавил Пелегрини кој го посети Фицо во болница.

Тамошната полиција ја отфрли можноста осомничениот атентатор да е дел од радикална група и го опишува како волк-самотник.

Од светот пристигнуваат осуди, а од Словачка заклучок – ова е резултат на поделено општество. Во мотивите неофицијално се вклучени и ставот на Словачка кон војната во Украина и намерата на владата да го зароби јавниот сервис. Заседавале тамошниот Совет за безбедност и словачката Влада, при што одлучиле да не се воведе вонредна состојба на територија на државата туку да се зајакне безбедноста на официјалните преставници и загрозените категории.

Слични содржини