„Мораш?“: Хари откри како реагирала кралицата кога побарал дозвола да ја запроси Меган

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

Принцот Хари неодамна ги објави мемоарите наречени „Резерва“, а во книгата откри многу скандалозни детали за британското кралско семејство.

Со оглед на тоа што кралското семејство се придржува до правилото никогаш да не коментира ништо, досега не објавија ништо за книгата на Хари. Меѓутоа, во својата исповед војводата од Сасекс се осврна и на моментот кога решил да ја запроси поранешната актерка Меган Маркл.

Тогаш морал да побара дозвола од баба му, тогашната британска кралица Елизабета Втора.

Хари во своите мемоари изјавил дека не му било пријатно поради тоа, но и дека реакцијата на баба му го изненадила.

„Ми рекоа дека морам да побарам дозвола од тебе пред да ја запросам“, ѝ кажал Хари на својата баба.

„Мораш?“ му одговорила таа, како што навел Хари.

„Претпоставувам дека тогаш морам да кажам да“, додала Елизабета, дополнително збунувајќи го нејзиниот внук кој веќе не бил сигурен дали неговата баба е иронична или не.

„Не сфатив. Дали беше саркастична? Иронична? Намерно мистериозна? Дали таа се препушти на игра на зборови? Никогаш не сум слушнал баба ми да игра било каква игра на зборови и ова беше неверојатно бизарен момент“, напишал војводата од Сасекс во книгата.

Слични содржини