Мората не е среќен – става крај на репрезентативната кариера по европското

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Капитенот на Шпанија, Алваро Мората објави дека не е среќен и речиси сигурно ќе ја заврши кариерата во репрезентацијата по завршувањето на Европското првенство. 32-годишниот играч има 78 настапи со 36 гола за црвениот тим, но не е задоволен од начинот на кој се однесуваат кон него. Сето ова доаѓа на само еден ден пред полуфиналето против Франција.

„Сакам да го завршам првенството на најдобар можен начин бидејќи ова веројатно ќе биде мојот последен ваков турнир за Шпанија. Веројатно ќе си заминам после тоа, постои таква опција“, вели тој во интервју за „Кадена КОПЕ“.

„Во Шпанија веќе не се покажува почит кон ништо и никого. Тешко ми е да бидам среќен“, продолжи Мората, навестувајќи дека може целосно да ја напушти Ла Лига.

Напаѓачот е во сопственост на Атлетико Мадрид, а неодамна изрази желба да остане во клубот и во новата сезона.

Слични содржини