Мората се враќа во Премиер лигата

од Vladimir Zorba
431 прегледи

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Алваро Мората би можел да ја продолжи кариерата во Арсенал, пренесуваат шпанските медиуми.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, кој е на позајмица во Јувентус, мора, а торинскиот клуб има можност до 35 јуни да го купи напаѓачот од Атлетико за 35 милиони евра. Шпанскиот спортски весник „Ас“ наведува дека Јувентус не сака да ја продолжи соработката со Мората, кој во тој случај би морал да се врати во Мадрид.

Сепак, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне не смета на шпанскиот репрезентативец кој ќе мора да бара нов клуб. Шпанските медиуми истакнуваат дека Мората има понуда од Арсенал, кој подготвува понуда до мадридскиот клуб за искусен напаѓач.

Мората (29) порано играше за Челси и доколку се договори со Арсенал, ќе влези во историјата како фудбалер кој ги носел дресовите на два мадридски и два лондонски клуба.

Мората во кариерата има настапувано за Реал, Јувентус, Челси и Атлетико. За шпанската репрезентација настапи на 52 натпревари и постигна 25 голови.

Слични содржини