Капитенот на Шпанија, Алваро Мората е убеден дека „Ла Роха“ има доволно силен состав за да го освои Европското првенство во Германија. Пред четири години, Шпанците испаднаа во полуфиналето на турнирот, откако загубија од „азурите“ на пенали.
„Тука сме да го освоиме европското. Последен пат бевме елиминирани во полуфиналето, а претходно во 1/8-финалето. Многу се подобривме. Да се освои Европското е тешко, но имаме одличен тим и фантастична група Знаеме дека ќе се соочиме со тешкотии, дека нема да биде лесно, но ние сме подготвени за тоа.
Знаев дека повторно ќе паднеме со Италија. Јас сум многу приврзан за оваа земја (Сопругата на Мората е Италијанка и тој двапати играше за Јувентус – н.з.). Таму отсекогаш се однесуваа добро со мене, но на последните две европски првенства бевме исфрлени од нив. Сепак, не сакаат да играат против Шпанија.
Се чувствувам неверојатно горд. Моето семејство често ми испраќа фотографија од мене од времето кога Шпанија ја освои првата од последните две европски титули (2008). Таму сум на плоштадот со многу други луѓе кои го прославија трофејот. Кога ќе почнеш да играш за Шпанија, секогаш сонуваш за тоа – да бидеш меѓу најдобрите стрелци, да бидеш капитен. И јас чекор по чекор го постигнав сето тоа. Исклучително сум горд што се израмнив по голови со легенда како Давид Силва. Да се биде капитен е неверојатно“, изјави Мората за веб-страницата на УЕФА.