Мората „жртва“ на првоаприлската шега на сопругата: „Трудна сум…“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
491 прегледи

Алваро Мората, напаѓачот на Јувентус, беше жртва на првоаприлска шега што му ја подготви сопругата Алис.

Неговата сопруга му пријде додека тој седеше на креветот и му се обрати сериозно, па Мората прво помисли дека некому нешто му се случило.

Сепак, имаше „признание“ дека е повторно бремена. Свесен за датумот, Мората неколку пати ја праша дали е тоа шега, но тој сепак не ја криеше среќата.

Кога му признала дека станува збор за првоаприлска шега, тој беше разочаран, но шегата на крајот успеа.

Мората и Алис веќе имаат три деца – близнаци и седуммесечно бебе.

Слични содржини