Полицијата потврди дека бебињата се пронајдени во стан на пар на југот на Германија и се очкуваат натамошни информации.

Телата ги откриле лекари кои биле повикани во домашна посета. Според пишувањето на локалните медиуми, не се исклучува можноста да има уште жртви.
Полицијата треба да ги утврди деталите за околностите за смртта и колку точно тела се најдени, дали меѓу нив има и возрасни, бидејќи неофицијално откриени се уште две тела.
Медиумите објавија дека парот во станот живее со неколку деца од претходните бракови.
Градските власти изјавиле дека родителите биле добри луѓе и грижливи родители.