Морето во Далмација повторно донесе марихуана

од desk2
117 прегледи

Во текот на викендот хрватската полиција на две локации на брегот на Далмација пронашла два пакети со нешто повеќе од 40 кг марихуана, јави dubrovacki.hr.

Пронаоѓањето вакви пакети не е ретко на брегот на Јадранското Море, а се поврзува со нелегалната трговија со дрога меѓу Италија и Албанија.

Пронајдените пакети се складирани во полицијата и чекаат уништување..

Полицијата се труди да го открие потеклото на дрогата.

Лани, на брегот беа пронајдени пакети со 160 кг марихуана. Оваа дрога се најдува во морксите води кога криумчарите со брзи глисери ја транспортираат најчесто од Албанија до италија, а кога ќе се соочат со патрола ја фрлаат во морето.