Морковот ќе го препороди вашиот организам

од Elena Daskalova
299 прегледи

Ако сакате да го зачувате здравјето на кардиоваскуларниот систем, да го намалите ризикот од заболување од рак, да го подобрите изгледот на косата и кожата, тогаш морковот е она што ви треба.

Сокот од морков штити од замастување на црниот дроб. Каотеноидите помагаат да се спречат одредени видови на рак, особено кога се во прашање ракот на грлото на матката и на дебелото црево.

Исто така, растителните влакна го „врзуваат“ холестеролот и помагаат тој да се исфрли од телото. Бета каротенот и витаминот А имаат голема улога во зачувувањето на здравјето на очите.

Исто така, овие состојки ја одржуваат кожата хидрирана, помагаат во побрзо зараснување на раните и може да имаат благотворно дејство врз псоријазата. Морковите содржат и железо, кое помага вашето тело да биде силно и полно со енергија.

Слични содржини