Морничави снимки од стампедото од музичкиот фестивал во САД (ВИДЕО)

од Берта Китинска
582 прегледи

Најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени за време на стампедо на концертот на Тревис Скот на фестивалот Астроворлд во Хјустон.

17 лица се хоспитализирани, изјави шефот на противпожарната служба на градот Хјустон во Тексас, Семјуел Пења. Единаесет од нив доживеале срцев удар.

Локалната станица на телевизијата Еј-Би-Си јави дека на првиот ден од фестивалот дошло до хаос откако се отвориле вратите околу 14 часот по локално време и оти толпа од луѓе се пробивала низ портите, пренесува агенцијата Ројтерс. Илјадници луѓе, според наводите на Еј-Би-Си, го уништиле безбедносниот влез за ВИП лицата, заобиколувајќи го контролниот пункт, а некои се и приведени.