329
Страшни вести доаѓаат од Франција. Елохим Пранди, ракометарот на Париз Сен Жермен е ранет со нож по новогодишната ноќ во главниот фрацуски град.
Информацијата ја потврдија од клубот, а францускиот ракометар моментално е во болница под надзор на лекар.
-Пранди беше жртва на насилен напад во Париз и доби неколку убодни рани, соопшти клубот.
Французинот моментално е во стабилна состојба, а полицијата итно започнала истрага.
Пранди е и репрезентативец и се наоѓа на списокот на Франција за ЕП, која е заедно во група со Србија, Хрватска и Украина.