Страшното откритие предизвика тревога во Фабриката за управување со цврст отпад (ДЕДИСА) во Акротири Ханија, кога работниците пронајдоа вреќа со делови од телото.
Како што пренесува Flashnews.gr, работниците во одделот за селектирање отпад, поточно на појасот низ кој минува мешан отпад, во еден момент се згрозиле кога виделе како излегува вреќа со човечки делови, вклучувајќи ја и главата.
Според новите информации, иако првично се добил впечаток дека се работи за женска глава, конечно се утврдило дека се работи за глава на маж со темна кожа, веројатно со азиско потекло, на возраст од 30-40 години.
Работниците ги известиле претпоставените, а потоа биле информирани и полициските органи кои веднаш се упатиле во фабриката.
Човечките делови се стари најмалку десет дена, а полициските власти се повикани да го расветлат случајот.