Видеото од интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин од пред неколку години сега на широко се споделува на социјалните мрежи до таа мера што стана вирално по вооружениот бунт во Русија за време на викендот.
На видеото новинарот го прашува Владимир Путин дали е склон да простува, односно дали може да им прости на луѓето околу него.
„Да, но не се“, одговара Путин.
Што не можеш да простиш?, го праша новинарот.
„Предавство“, истакна рускиот лидер.
Journalist: “Are you able to forgive?”
Putin: “Yes, but not everything.”
Journalist: “What is impossible to forgive?”
Putin: “Betrayal” pic.twitter.com/6zFmp4CQ0l— Lord Bebo (@MyLordBebo) June 24, 2023
Ова видео, иако не се знае кога е снимено, натера многумина да размислуваат за водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој ги предводеше своите платеници на маршот кон Москва во саботата.
Некогаш беше човек близок до Путин и се збогати благодарение на него. Кога избувна бунтот во саботата, Путин потегот на Пригожин го нарече предавство и нож во грб.
Подоцна истиот ден Пригожин одлучи да го сврти конвојот и да ги повлече своите борци, а од Кремљ беше соопштено дека лидерот на Вагнер ќе замине во Белорусија и дека гаранција за тоа е зборот на Путин.