Морска храна од лабораторија: Британска компанија подготвува вештачка храна

од Nikola Popovski

Најголемата европска групација за производство на замрзната храна, британската корпорација „Номад фудс“, денеска објави дека во соработка со американската компанија „Блу нејл“ ќе го развива производството на морска храна што ќе се одгледува од клетки во лаборатории.

„Номад фудс“ објавува дека нивната цел е комерцијализација на лабораториски морска храна со цел да се задоволи зголемената побарувачка, но и бројни барања за зачувување на долгорочната одржливост на природните живеалишта на рибите, пренесува Ројтерс.

„Номад фудс“ и „Блу нејл“ ќе соработуваат во истражувањето на пазарот и увидите во навиките на потрошувачите и ќе се обидат да проценат што е потребно за да се добие одобрение од надлежните регулаторни органи за нивните производи, но исто така ќе истражуваат нови деловни и можности за производство за Европскиот пазар.

-Европа е најголемиот увозник на морска храна во светот, се наведува во извештајот на Европската унија за „сината економија“, пренесува Танјуг.

Слични содржини