216
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (26.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола изречени се вкупно 57 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, 11 мерки за брзо возење, четири санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се четири санкции за возење под дејство на алкохол.
Според битолската полиција, еден од санкционирате возачи бил фатен со 3,28 промили алкохол во крвта.
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.