„Мош“ и вечерва работи и повторно е полн со гости (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Кафулето „Мош“, од кое денеска протекоа голем број на снимки на кои се гледа непочитување на мерките и протоколите за Ковид-19 за време на вчерашниот концерт на Владо Георгиев, работи и вечерва.

Претходно беше соопштено дека локалот е затворен поради пречекорување на работното време. Истиот локал минатиот викенд добил и кривична пријава за непочитување на протоколите.

Но како што може да се забележи од видеата споделени на социјалните мрежи, тој и вечерва работи со полна сила.

Директорот на Пазарна инспекција, Стојко Пауновски денеска изјави дека одредена група угостители на големо ги пречекоруваат мерките за заштита од Ковид-19,

– Некогаш не е до самите газди, туку и до совеста на гостите. Менталитетот балкански е таков, стануваат, скокаат. Моментно на терен се 12 групи инспектори. Значи, контроли ќе се вршат и во текот на денот. Претходно кривични пријави поднесовме за неколку угостителски објекти во Струга и Скопје. Пречекорување на работно време и непочитување на протоколите за Ковид-19 се едни од причините за изрекување на овие пријави, изјави Пауновски.

Слични содржини