Москва е против : Зачленувањето на Црна Гора во НАТО би било избрзано

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Русија смета дека евентуалното зачленување на Црна Гора во НАТО во сегашните услови би претставувало избрзана одлука, изјави рускиот заменик-амбасадор во Подгорица, Владимир Гурко.мило гук

– Подгорица треба уште еднаш да ги пресипита предностите и слабостите на зачленувањето (во НАТО), порача Гурко на прес-конференција во Москва.

Тој нагласи дека Москва е „сериозно загрижена“ поради политиката на Црна Гора за „забрзана интеграција“ во НАТО.

– Руската Федерација смета дека проектот за проширување на НАТО во денешно време е во спротивност со реалните потреби во безбедносната сфера. Механичкото проширување на Алијансата, која не ги зема предвид интересите на сите држави од евроазиската заедница, веќе доведе и продолжува да води кон создавање на нови линии на поделби, оцени Гурко.

Според него, концептот на проширување на НАТО е поврзан со „барањето надворешни непријатели“ и дека е насочен кон „реконструирање на железната завеса“ во Европа.

– Зачленување на Црна Гора во НАТО сериозно би ги нарушило односите меѓу нашите две земји и би ги довело во прашање напорите за формирање општоевропска безбедносна архитектура, порача Гурко/МИА