298
Руската амбасада во Вашингтон денеска ја нарече одлуката на САД да испрати муниција со осиромашен ураниум во Украина како „јасен знак на нечовечност“.
„Очигледно е дека Вашингтон, опседнат со идејата да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, е подготвен да се бори, не само до последниот Украинец, туку и да ги избрише идните генерации“, соопшти руската амбасада на Телеграм.
Амбасадата наведе дека „одлуката на американската администрација да испрати муниција со осиромашен ураниум во Киев е јасен знак на нечовечност“, пренесе ТАСС.