259
Долниот дом на рускиот парламент Дума денеска усвои нацрт-закон со кој се заоструваат казните за злосторства како што се дезертерство, уништување воен имот и непочитување на наредбите доколку се извршени за време на воена мобилизација или борба, пренесоа агенциите.
Предлог-законот е усвоен во време кога во Русија се води дебата за можна општа мобилизација, која може да доведе до ескалација на конфликтот во Украина, наведува „Ројтерс“.
Предлог-законот сега треба да биде одобрен од Горниот дом на парламентот, а ќе стапи на сила откако ќе го потпише рускиот претседател Владимир Путин.