Москва не треба да ни замери, вели Петровска за протерувањето на руските дипломати

од Nikola Popovski
254 прегледи

Имаме коректни односи со Русија, вели министерката за одбрана, Славјанка Петровска на прашањето за реципроцитет во однос на протерувањето на руски и македонски дипломати.

Петровска објаснува дека како држава имаме обврска и кон сите пријателски земји да си ја гарантираме и чуваме сопствената безбедност и сигурност и да ги штитиме сопствените национални интереси.

-Секогаш кога некој од службите ќе добие информација дека некој постапува вон процедурите има обврска за дејствија. Протерувањето на дипломати е коректен чин и постапено е согласно позитивните прописи и интереси на земјата. Воопшто не треба некој да ни замери за тоа, смета Петровска во гостувањето на емисијата „24 анализа“, додавајќи дека прашањето на реципроцитет е воспоставено во дипломатијата.

Минатата година Македонија протера двајца руски дипломати, како „мерки за заштита на својата национална безбедност, меѓутоа и безбедноста на сојузниците во сојузот во којшто припаѓаме“, изјави тогаш министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Русија возврати и на 10 јуни 2021 година соопшти дека дипломат вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва е прогласен за непожелна личност.

Слични содржини