Москва побара објаснување дали на британски пилоти им е дозволено да соборуваат руски авиони

од desk3
81 прегледи

Амбасадата на Русија во Лондон побарала официјално објаснување од Министерството за надворешни работи на Велика Британија за појавената информации во британските медиуми дека на кралските воздухопловни сили е дадена дозвола да пука во руски авиони над Ирак, пренесоа РБК.

zx450y250_2626238

“Загрижени сме од информациите во медиумите и сакаме итно објаснување од владата на Велика Британија”, изјави амбасадорот на земјата Александр Јаковенко, пренесе РИА “Новости”.

Јаковенко изјавил дека самата идеја за контакт помеѓу авиони на двете држави над Ирак е “несфатливо”, бидејќи Русија не извршува операции во воздушниот простор на државата.

Претходно оваа недела се појави информација дека американски пилоти со борбени авиони F-16, кои полетувале од базата “Инџирлик” во Турција, имале својот прв директен контакт со руската воена авијација, при нанесување удари во Западна и Северна Сирија.

Тоа се случи во близина на границата со Турција, каде авионите биле на 30-ина километри еден од друг.

Британското Министерство за одбрана смета дека е несериозно да ги коментира тврдењата на таблоидите дека пилотите на борбени авиони “Торнадо” од кралските воздухопловни сили го добиле правото да напаѓаат воени авиони на Русија во воздушниот простор на Ирак, пренесоа агенциите.

“Не коментираме тврдења од печат”, изјавија денеска пред дописник на агенцијата луѓе од прес-службата на Министерството, и посочија дека предметните информации не одговара на вистината.

Претходно лондонскиот “Дејли стар сандеј” цитира свои извори од британското Министерство за одбрана, според кои на авиони “Торнадо” од кралската воена авијација се монтирани ракети воздух-воздух и им е дозволено да соборуваат руски авиони.

“Кога авионите летаат со суперсоничен брзина, воздушниот простор многу брзо се стеснува”, поради што “може да се случи судир или рускиот пилот може по грешка да биде соборен”, вели еден од изворите.

Заедно со воздухопловните сили на САД во воените дејствија во Ирак учествуваат авиони од авијацијата на Австралија, Велика Британија, Јордан, Канада, Холандија и Франција;а во Сирија – авиони од Австралија, Бахреин, Јордан, Канада, ОАЕ, Саудиска Арабија, Турција и Франција.